"За заедничка Македонија" разочарани од Заев

Архивска фотографија-протест на "За заедничка Македонија" во Скопје

Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија изрази огромно разочарување од лидерот на СДСМ Зоран Заев поради, како што пишуваат, неотфрлањето на Тиранската платформа чија цел е редефинирање на граѓанска Македонија.

„Неприфатливо е што лидерот на најголемата опозициска партија Зоран Заев и понатаму ја промовира платформата на Рама со која се бара воведување двојазичност на територијата на Република Македонија, се разговара за промена на знаме, химна, грб, воведување на двојазични банкноти и униформи на армијата и полицијата, како и декларација за осуда на геноцид на партизаните кои ја изградија Асномска Македонија, нашите соседи Србите, Бугарите, воведување на казни за непримена на албанскиот јазик и ред други противуставни елементи кои водат кон разградување на граѓанското ткиво на Република Македонија“ наведуваат од иницијативата.

Од таму додаваат дека немало да подлегнат, на како што пишуваат, ниту една манипулација или обид на мала врата да се протнат работите кои албанските партии ги договориле во Тирана, а Зоран Заев ги прифатил. Граѓанската иницијатива За заедничка Македонија продолжува со протести се до целосно исполнување на барањата, најавуваат од иницијативата повикувајќи на протести и денеска во во 17 часот.