Трамп смета дека системите на ЦИА биле застарени

секретарот за печатот на Белата куќа Шон Спајсер

Американскиот претседател Доналд Трамп бил „сериозно загрижен“ поради објавувањето тајни материјали на разузнавачката агенција ЦИА и смета дека нејзините системи биле застарени. Ова го изјави секретарот за печатот на Белата куќа Шон Спајсер во врска со тоа што сајтот Викиликс обелодени илјадници документи кои откриваат детали за алатките кои ги користи ЦИА за сајбершпионажа.