Германија предупредува на опасноста од нова руска трка во вооружување

Средба на германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел со неговиот руски колега и домаќин Сергеј Лавров,9 март 2017

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел денеска ја предупреди Русија за опасноста од нова трка во вооружување предизвикана од конфликтот во источниот дел на Украина, и ја повика Москва на намалување на бројот на конвенционално оружје.

Тој во својот говор по средбата во Москва со неговиот руски колега Сергеј Лавров, истакна дека се согласни оти има потреба од продолжување на разговорите меѓу Русија, Украина, Германија и Франција, за целосно решавање на конфликтот меѓу украинските безбедносни сили и сепаратистите поддржани од Русија во источниот дел на Украина.

Германија со околу 4 илјади војници во НАТО кои се распределени во балтичките земји и Полска, каде што руската агресија во Украина ја зголеми загриженоста за нејзините намери во регионот.

Во меѓувреме Русија постави десетици илјади војници во регионите околу границите со западните држави.