Лидерот на ИД Багдади избегал од Мосул

Лидерот на терористичката организација Исламска држава Абу Бакр ал Багдади, Мосул 05.07.2014.

Лидерот на терористичката организација Исламска држава Абу Бакр ал Багдади ја напуштил базата во Мосул и ги оставил неговите соработници да ја водат битката против ирачките сили за контрола врз овој град, изјави ирачки и американски официјални лица. Според наводите, Багдади кој се прогласи за лидер на од него прогласениот „калифат“ откако ја презеде контролата врз Мосул во 2014 година сега се криел во пустината во обид да го зачува животот. Ваквите наводи немаат потврда од независни извори.