Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно, во југоисточните делови со слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната температура од осум до 16 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, во југоисточните делови со слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура до седум, а дневната температура ќе достигне до 13 степени.