Привремено отворање на границата меѓу Авганистан и Пакистан

Пакистан: Пакистански безбедносни претставници проверуваат патни документи на Авганистанци пред да ја поминат границата. 7 март 2017 година.

Пакистанската гранична полиција соопшти дека повеќе од 20 илјади Авганистаци и Пакистанци од 7 март навами влегле во Авганистан, откако пакистанските власти привремено ги отворија двата главни премини, кои беа затворени по серија напади на милитантите.

Бројката на поминати луѓе денеска ја објави пакистанскиот претставник Фаиз Кан. Тој истакна дека денеска илјадници други луѓе чекале да ја поминат границата на премините Торкхам и Чаман за да влезат авганистанската јужна провинција кандахар, надевајќи се да влезат во земјата пред да заврши дводневното отворање.