Смртоносен напад врз воена болница во Кабул

Авганистан - Чад се крева по нападот на воената болница во Кабул. 8 март 2017 година.

Најмалку четири луѓе се загинати и десетици се повредени во напад врз воена болница во близина на амбасадата на САД во Кабул. Екстремистичката група на Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за нападот. Напаѓачите, некои од нив облечени како доктори, денеска ја нападнале болницата Сардар Мухамед Даут Кан, велат официјални претставници и очевидци.

Портпаролот на Министерството за одбрана, генерал Давлад Вазири изјави дека непознат број на напаѓачи влегле во болницата откако бил извршен самоубиствен напад на влезот на билницата. Воената болница со капацитет за 400 пациенти е лоцирана во близина на две цивилни болници во областа Вазир Акбар Кан во Кабул и во близина на добро обезбедената амбасада на САД.

Вазири истакна дека силите на Авганистан се бореле со напаѓачите од спрат на спрат и оти најмалку еден од нив е загинат, а тројца се повредени. Најмалку три тела на цивили и повеќе од 60 повредени луѓе биле пренесени во најблиските болници.