Кинески ЗТЕ со рекордна казна за кршење на санкциите против Иран

Кинескиот телекомуникациски гигант ЗТЕ се согласи да плати рекордни над 890 милиони долари казна за тоа што ги снабдил Иран и Северна Кореа со висока технологија што е кршење на американските санкции, соопшти американската администрација. Според договорот, ЗТЕ би можел да се соочи и со дополнителна казна од 300 милиони долари ако се покаже дека ги крши и новите санкции што ги воведе Вашингтон против Иран. ЗТЕ која е во сопственост на кинеската влада има договори со иранската влада да гради и управува со телекомуникациски мрежи во таа земја користејќи опрема и софтвер кои потекнуваат од Соединетите држави.