Генералниот секретар на ОБСЕ во посета на Скопје

Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер.

Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер во среда и четврток ќе ја посети Македонија. Според најавите, Заниери се очекува да разговара со претседателот Ѓорге Иванов, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со претставници на парламентарните политички партии.