Увереност за добра соработка со САД за иранскиот нуклеарен договор

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, Вашингтон, 02.03.2017.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано по неговата посета на Вашингтон изјави дека е уверен оти ќе има добра соработка со САД околу иранскиот нуклеарен договор и покрај острите критики на договорот што ги искажа претседателот Доналд Трамп. Тој во Вашингтон имаше разговори со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. Договорот постигнат во 2015 година меѓу Иран и шестте светски сили ги ограничува иранските нуклеарни активности во замена за олабавување на меѓународните санкции против Техеран. Но, Трамп овој договор го оцени како „најлош договор што некогаш бил постигнат“.