Состанокот на ЕУ за Балканот посветен на Босна и Македонија

Могерини во Македонија.

Состанокот за Западен Балкан на Советот за надворешни работи на Европската унија во Брисел, најмногу бил посветен на сосотојбите во Босна и во Македонија, вели министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, во изјава за МИА.

Лајчак вели дека се дебатирало и за Платформата на партиите на Албанците во Македонија, но дека не се донесени формални заклучоци, туку министрите само си ги кажале своите ставови. Тој на состанокот рекол дека е „многу нестандардно и несреќно за земјата да има такво вмешување од странство во внатрешните процеси“.

Словачкиот министер потенцираше дека шефовите на ЕУ-дипломатиите имале многу добра дискусија, која била многу позитивна за регионот, бидејќи сите министри го истакнале фактот дека Европската унија во последно време се откажа од својот важен регион и како резултат се гледа слабеење на про-европските сили внатре во земјите

Хрватскиот министер за надворешни работи, Давор Иво Штир, вели дека на состанокот се разговарало за варијантите за разрешување на политичката криза и јазолот во Македонија настанат по декемвриските избори.