Русија загрижена поради ракетите на Северна Кореја

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Руските власти изразија загриженост од лансирањето на проектили од страна на Северна Кореја во морето кај Јапонија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека се сериозно загрижени од овој вид на активности, оти, како што вели, тоа ќе доведе до зголемување на тензии во регионот.

„Москва повика на воздржаност од сите страни“, изјави Песков.

Според војската на Јужна Кореја, балистички проектили, за кои се верува дека биле четири, биле истрелани од регионот во близина на границата на Северна Кореја со Кина.

Северна Кореја пред неколку денови се закани дека ќе лансира проектили, како одговор на воените вежби на Јужна Кореја и САД.