Могерини во Приштина

Високата претставничка на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедносна политика Федерика Могерин

Високата претставничка на Европската унија за заедничка надворешна политика Федерика Могерини порача денеска во Приштина дека сега е време Косово да изгласа реатификација на демаркацијата со Црна Гора, оценувајќи дека тоа ќе ја одблокира визната либерализација за народот на Косово.

Во заедничкото обраќање со премиерот на Косово Иса Мустафа, Могерини истакна дека ЕУ е подготвена за тој чекор и оти на потег е Собранието на Косово.

Посетата на Косово, Могерини ја почна со средба со косовскиот претседател Хашим Тачи.

- Посетата на Могерини се случува во најдобар момент за Косово и регионот. Имаме различни предизвици, но исти приоритети, изјави Тачи, додавајќи дека е важно ЕУ да го поддржи целиот регион во аспирациите да стане дел од Унијата.

Могерини се сретна и со претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели, и со лидерите на парламентарните политички партии.

Таа ќе претстојува и Косовска Митровица