Заврши средбата на Могерини со партиите

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини

Посетата на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини на Скопје во овој момент е исклучително значајна оцени по средбата со европската дипломатска претседателот на движењето Беса Биљаљ Касами.

„Пораката на Могерини беше јасна дека во ваква ситуација нема да не остават сами, во ситуација кога се паднати институциите, ние имаме договор за стабилизација и асоцијација и нивната поддршка ќе биде согласно тој договор да се вратиме на евроатланскиот пат“ рече Касами.

Претседателот на ДПА Мендух Тачи пак по средбата рече дека сите пријатели на земјава биле загрижени.

„Да дадеме сите придонес да се разреши оваа ситуација. Пораката на Могерини беше дека вратите на Европската унија се отворени за Македонија “ рече Тачи.

Могерини попладнево одржа заедничка средба со претставниците на политичките партии. На неа од ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа претседателот Никола Груевски, Никола Поповски, Александар Николовски и Никола Тодоров, од СДСМ лидерот Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски, од ДУИ претседателот на партијата Али Ахмети придружуван од пратеникот Артан Груби, лидерот на ДПА Менудх Тачи, од БЕСА претседателот на партијата Билал Касами, Африм Гаши и Фадил Зендели и Зијадин Села од Алијансата за Албанците. Од собранието таа замина во претседателската вила на средба со претседателот Ѓорге Иванов.