Времето денеска: сончево и ветровито

Во Македонија ќе биде претежно сончево и посвежо со умерен ветер од северен правец кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови и повремено ќе се засилува особено во јужниот дел на Повардарието. Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 10 до 16 степени. Во Скопје сончево и посвежо со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 15 степени.