Приведени осомничени за нападот врз екипата на А1он во Скопје

Протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ 28.02.2017

Министерството за внатрешни работи, како што јавуваат дел од домашните медиуми, потврдило дека имало приведени лица за нападот врз екипа на А1он за време на синоќешниот протест во Скопје организиран од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Снимателот Владимир Желчевски и новинарот Александар Тодевски поради повредите биле префрлени во Ургентниот центар во Скопје. Инцидентот го осудија Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинарите, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.