Времето денеска: променливо облачно со повремен дожд

Во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди кои повеќе ќе бидат застапени во источните делови на земјава. Во текот на денот ќе има зголемување на облачноста, а околу пладне и попладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, но пообилни ќе бидат во западните делови на земјава каде се очекува да наврнат околу 16 литри на метар квадратен воден талог. Утринската температура ќе се движи од два до осум степени, а дневната од 12 до 19 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец.