СЈО отвори нова истрага „Труст“

Прес-конференција во Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Архива.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори нова истрага „Труст“. Обвинителките соопштија дека со фалсификувани документи добивале тендери фирмите „Трансмет“, Силекс, и „Вато ДООЕЛ од Скопје“.

Тие со фалсификуваната документација добиле тендер од ЕЛЕМ од 17,2 милиони евра во 2011 година, рекоа обвинителките. Претставници на овие три фирми се сомничат дека со тоа сториле злоупотреба на постапката за јавен повик. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека конзорциумот од овие три фирми добил тендер за ископ на јаловина и јаглен во рудникот Суводол во Битола.

Истрагата е отворена врз база на три нелегално прислушувани разговори, од кои два не биле јавно објавени. Првоосомничен е управителот на Трансмет, второосомничен е застапникот на Силекс и третоосомничениот е управител на фирмата од Студеничани. За двајца од нив СЈО ќе побара притвор, соопшти СЈО.