Литванија осуди руски државјанин и поранешен офицер за шпионажа

Илустрација: Мапата на Европа со знамето на Литванија.

Судот во Литванија му одреди казна затвор на руски државјанин и на поранешен литвански воен офицер за обвиненија за шпионажа во корист на Русија. Судот денеска ги осуди за шпионажа 66-годишниот Русин Сергеј Моисејенко и поранешниот припадник на воздухопловните сили Сергеј Пусинас. Моисејенко доби десет ипол години затвор, додека Песунас беше осуден на пет години затвор. Двајцата беа уапсени во декември 2014 година и беа обвинети за оддавање на врни тајни воени податоци на Русија.