Фатени 15 мигранти кај Удово

Архивска фотографија: Мигранти одмораат во транзитниот камп Вунојуг во Гевгелија

Фатени 15 мигранти во возило на автопатот Гевгелија-Скопје

При контрола на патничко возило на автопатот Гевгелија-Скопје во близина на село Удово, вчера полицијата открила група од 15 мигранти, меѓу кои седум лица и едно дете од Ирак, пет лица и едно дете од Сирија и едно лице од Пакистан.

Мигрантите биле во Крајслер со велешки регистарски ознаки.

Возачот побегнал. Утврдено било дека регистарските таблички биле од друго возило и биле пријавени на 31 јануари годинава.