Том Перез - Нов шеф на демократите во САД

Том Перез

Демократската партија во САД го избра поранешниот секретар за труд Том Перез за нов партиски претседател, во тесна трка против либералниот конгресмен Кит Елисон. Перез вчера, во вториот круг, освои 235 гласови, додека Елисон освои 200. Перез е првиот Латиноамериканец што застанува на чело на демократите.

Двајцата противкандидати повикаа на партиско единство. Перез ги повика демократите да му се спротивстават на „најлошиот претседател во историјата на САД“.

Елисон, кој го подржа Берни Сандерс за претседател, рече дека „немаме луксуз да излеземе од оваа соба поделени“.

Претседателот Доналд Трамп на Твитер му го честиташе изборот на Перез.

„Не можев да бидам посреќен за него или за Републиканската партија“, напиша тој.

Лидерот на демократите помага во промовирањето на партиската програма и ги координира организациските активности.