Хан оценува дека ситуацијата во Црна Гора е деликатна

Еврокомесар Јоханес Хан.

Еврокомесар Јоханес Хан оценува дека политичката ситуација во Црна Гора е прилично деликатна со оглед на тоа дека опозицијата го бојкотира собранието.

„Бојкотот не е одржлива одлука. Верувам дека политичките лидери во Црна Гора ќе најдат компромис и дека со дијалог ќе постигнат договор да се врати опозицијата во собранието. Тоа е она што ние го очекуваме и тоа е она што го очекува народот од демократски избраните претставници“, истакна Хан во интервјуто за „Еуроактив“.

Тој очекува сите црногорски органи да покажат одговорност и транспарентно да истражат што се случило на денот на изборите на 16 октомври минатата година.

Хан вели дека врските на Европската унија и Црна Гора се многу блиски и дека тоа го заклучил од состанокот на кој учествувал лично.