Иванов се сретна со Данкан

Британскиот министер за Европа и Америка Сер Алан Данкан и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со сер Алан Данкан, државен министер за Европа и Америка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, кој од вчера престојува во посета на Македонија.

Двајцата соговорници разговарале за билатералните односи меѓу двете држави, за случувањата во Европа и Европската унија и состојбите во регионот, се наведува во соопштението од кабинетот на Иванов.

Станало збор и за актуелната политичка состојба во Македонија и можностите за нејзино надминување.

Претседателот Иванов, како што се наведува во соопштението, ги реафирмирал стратешките цели на Република Македонија во однос на европските и евроатлатските интеграции и посветеноста за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји.

Британскиот министер истакнал дека Обединетото Кралство сака стабилна Македонија и оти не сака да се меша во внатрешните работи на државата е наведено во соопштението.