Железничкиот сообраќај цела недела во прекин

Патничкиот и товарен железничкиот сообраќај веќе седми ден е целосно блокиран поради протестот на вработените во претпријатијата во Македонски железници, кои бараат исплата на јануарската и декемвриската плата. Протестот продолжува откако вчера директорот на „Македонски железници – транспорт“, Никола Костов поднесе оставка.

Од МЖ Транспорт во вторникот најавија дека до крајот на месецов треба да се исплати првиот дел од јануарската плата, а од 10-ти март и вториот дел, што е неприфатливо за вработените кои бараат целосна исплата на платата.