Владата апелира Железници да продолжи со работа

Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, денеска апелираше Македонски железници, каде вработените протестираат веќе шест дена со прекин на сообраќајот, да продолжи со работа за да не се најде во ситуација да им исплаќа пенали на коминтентите и дополнително да си ја влоши финансиската ситуација. До Владата, според Ѓорѓиев, се уште не е доставена оставка од директорот на МЖ Транспорт Никола Костов.

Владиниот портпарол вели дека имаат чуство оти има обид за прикриена политизација и мешање на политички сили во рамките на состојбата вп МЖ.

„Имаме информации дека мал број вработени ја попречуваат работата на 3.000 лица кои се вработени во железницата и тоа треба да прекине. Треба луѓето да работат за да можат да ја добијат дополнителната поддршка.“