Во Женева продолжуваат мировните преговори за Сирија

Претставникот на ОН во разговорите за Сирија, Стефан де Мистура.

Мировните преговори за Сирија со посредство на ОН, продолжија во Жанева. Сепак, претставникот на ОН во разговорите, Стефан де Мистура, рече дека не очекува важен исчекор. Тој денеска започнува нова рунда разговори со претставници на сириската влада и со делегација на опозицијата.

Портпаролот на опозицискиот Комитет за преговори, рече дека неговата делегација бара директни преговори со владата. Тој вели дека на таков начин ќе се заштеди време и ќе биде доказ за сериозност, наместо да се преговара во одделни соби.

За време на првите три рунди разговори во Женева, немаше директни средби на делегациите.