Шести ден не сообраќаат возовите во Македонија

МЖ Транспорт. воз, железница, пруга.

Во Македонија 6 - ти ден од протестот на вработените во Македонски железници кои бараат исплата на јануарската плата.

Вработените остануваат на ставот за целосна исплата на јануарската плата, а засега, како што соопштија, немаат најави за средба со раководството на „Македонски железници“.

Од Министерството за транспорт и врски вчера инфомираа дека на последната владина седница е донесена одлука за зголемување на средствата во висина од околу 70 милиони денари на годишно ниво директна помош за оперативното работење на Железницата.

Министерството апелира до менаџерскиот тим и синдикалните организации да изнајдат решение во најбрз можен рок за да се овозможи нормално фукционирање на претпријатието.