Русија со услов за предлогот на САД за безбедни зони во Сирија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Русија е отворена за дијалог со САД за отворање безбедни зони во Сирија, но верува дека секој таков план треба да биде координиран со сириската влада. Ова го изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на прес конференција во Москва, додавајќи оти за ова кратко разговарал со американскиот Државен секретар Рекс Тилерсон во Германија минатата недела. Тој истакна дека неговиот американски колега му рекол оти концептот сеуште се разработува.

Претседателот на САД Доналд Трамп во минатиот месец изјави дека сака да воспостави безбедни зони каде што Сиријците кои бегаат од војната може безбедно да живеат, а не да ја напуштаат земјата и да стануваат бегалци во САД и Европа.