Грузија на чекор до безвизен режим за Шенген зоната

Мапа на Грузија

Амбасадорите на ЕУ се согласија да ја поддржат визната либерализација за Грузија, клучен чекор кон безвизен режим за патување на Грузијците во Шенген зоната. На вчерашниот состанок во Брисел амбасадорите од земјите членки на Унијата го поддржаа и механизмот за суспензија на визите, кој е изработен како услов за спроведување на спогодбата за визна либерализација со трети земји.

Се очекува министрите од сите 28 земји членки на ЕУ најверојатно в понеделник да ги одобрат двете одредби.

Европски дипломати за Радио Слободна Европа изјавија дека веруваат оти Грузијците ќе може да патуваат во земјите од Шенген зоната од крајот на март.