Времето сончево и уште потопло

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Утринската температура се движи од минус два до три, а дневната ќе биде од 13 до 20 степени.

Во Скопје сончево со појава на слаба магла во утринските часови. Утринската температура се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

И утре времето ќе биде стабилно и суво. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и в сабота ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на планините во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од снег. Температурата значително ќе опадне, особено в недела.