Основен суд Скопје 1: Распоредот е направен согласно законот

Основниот суд Скопје 1 во однос на прашањата на медиумите соопшти дека ВД Претседателот на судот на колегиум на сите судии и по произнесување на секој од судиите, согласно Законот за судии го утврдил и го доставил до сите судии годишниот распоред за работа на ВД претседателот и на судиите на Основниот суд Скопје 1 за 2017 година.

„Проценката кој судија во кој оддел или одделение ќе биде распореден е законски утврдена и е право на Претседателот или ВД Претседателот на судот, па од таму нејасни се објавените дезинформации за некакво задоволување на желбите или „чистка“ на одредени судии.“

Во соопштението Основниот суд Скопје 1 наведува дека годишниот распоред ќе почне да се применува од 1 март 2017 година и како што е наведено ги демантира пишувањата на одредени портали за годишниот распоред за работа на судот.