Русија ги пофали Шведска и Финска за воената неутралност

Заедничка прес-конференција на министрите за надворешни работи на Русија и Шведска, Сергеј Лавров и Маргот Валстром. 21.02.2017

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека воената неутралност на Шведска и Финска е од фундаментално значење за безбедноста на балтичкиот регион.

Лавров говореше денеска на заедничка прес-конференција со шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром.

„Ние го потврдивме нашето високо мислење за политиката на Шведска, како и на Финска, кои се придржуваат до неутралниот курс за воените прашања“, рече Лавров: „Тоа го гледаме како важен знак за регионалната стабилност на регионот на Балтикот и Европа во целина.“

Од друга страна Валстром рече: „Неутралната политика на Шведска со воените блокови е солидна.“

Јавната поддршка за Шведска и Финска за зголемување на врските со НАТО, дури и да се приклучат кон блокот, се зголеми, во услови на растечките тензии меѓу Русија и Европа, особено откако Русија го анектираше крим од Украина и по активната политичка и воена поддршка на Москва за сепаратистите во источна Украина.