Алијев ја назначи сопругата за прва потпретседателка на Азербејџан

Мехрибан Алијева - сопруга на азербејџанскиот претседател,Илхам Алијев.

Претседателот на Азербејџан Илхам Алијев ја назначи својата сопруга за прва потпретседателка, што е нова функција која ја става прва во редот за преземање на фукцијата доколку тој почине или стане неспособен да ја врши функцијата.

Одлуката за назначувањето на Мехрибан Алијева за прва потпретседателка денеска беше објавена на пртседателската веб страница.

Позициите прв заменик претседател и двајца потпретседатели на пониско ниво беа воведени со уставните амандмани воведени во референдумот од септември 2016 година во цврсто контролираната земја на Каспиското Море.

Уставот сега предвидува доколку претседателот стане неспособен за извршување на своите должности, првиот потпретседател да ја преземе функцијата.