Трамп наименува нов советник за национална безбедност

Претседателот на САД Доналд Трамп со новиот советник за национална безбедност Х.Р. Мекмастер

Американскиот претседател Доналд Трамп го наименува генерал полковник Х.Р. Мекмастер за нов советник за национална безбедност. Трамп го нарече 54-годишниот Мекмастер „човек со извонреден талент и огромно искуство“.

Во моментов генералот е директор на воената агенција Центар за интеграција на воените капацитети, а целата своја кариера ја поминал во американските оружени сили.

Мекмастер ќе го замени Мајкл Флин, пензионираниот генерал кој беше разрешен од дожноста минатата недела, по само 24 дена на оваа функција. Трамп тогаш изјави дека е неприфатливо тоа што Флин го лажел потпретседателот Мајк Пенс за контактите што ги имал со рускиот амбасадор во Вашингтон во периодот пред инаугурацијата на новиот претседател.