Времето и денеска сончево со мала облачност

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер. Утринската температура се движи од минус шест до два, а дневната ќе биде од пет до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер. Температурата ќе достигне до 11 степени.

До крајот на работната седмица ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Извесна промена на времето се очекува за време на претстојниот викенд со повремени локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура, особено в сабота.