Горниот дом на британскиот Парламент расправа за Брегзит

Горниот дом на британскиот Парламент

Горниот дом на британскиот Парламент ја започна расправата за законот со кој ќе му се овозможи на премиерот Тереза Меј да го активира механизмот за повлекување на земјата од ЕУ. Со законот на Меј ќе и се овозможи да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор по кој ќе следат двегодишни преговори пред Брегзит официјално да започне.

Законот помина во Долниот дом на Парламентот без ниту еден амандман. Но, конзервативната партија на Меј го нема мнозинството во Горниот дом и може да се соочи со амандмани. Мај изјави дека планира да го активира членот 50 до крајот на март.