Четворица руски војници загинале во Сирија

Руски војници во Сирија

Руското министерство за одбрана соопшти дека четворица руски војници загинале, а двајца биле повредени во Сирија кога возилото со кое се превезувале експлодирало од бомба поставена покрај патот. Според министерството, жртвите биле воени советници и патувале во конвој со сириските сили, а инцидентот се случил набрзо откако ја напуштиле базата. Бомбата, како што наведуваат од министерството, била детонирана преку далечински управувач и експлодирала на 4 километри од базата.