Жбогар: На СЈО да му се даде простор и време

Евроамбасадорот Самуел Жбогар

Евроамбасадорот Самуел Жбогар за време на денешната посета на Струмица изјави дека позицијата на Европската унија во однос на Специјалното јавно обвинителство е непроменета.

„Специјалното јавно обвинителство беше формирано со една цел, да се одреди законската одговорност која произлегува од скандалот со прислушкуваните материјали. Мислам дека на СЈО треба да му се даде време и простор за да ја финализира работата“, посочи Жбогар.