Штрајкот во МПМ зголемен на 6 часа

Штрајк на вработениет во најголемата медиумска издавачка куќа Медиа принт Македонија.

Новинарите и медиумските работници вработени во „Вест“, „Утрински“ и „Дневник“ од денеска дека ќе го зголемат времетраењето на штрајкот од 4 на 6 часа, бидејќи менаџментот не покажал интерес за средба со синдикалните претставници од медиумите.

„Утре ќе излезе 5.000 број на дневниот весник „Вест“. Жално е што редакцијата ќе го подготвува ова јубилејно издание од позиција на штрајк. Во претходните денови наместо разговор за решавање на проблемите се засилија притисоците врз медиумските работници со телефонски јавувања и закани со отпуштања и казнувања. За сето ова ќе бидат информирани сите релевантни меѓународни институции затоа што правото на штрајк е уставно гарантирано право и е дел од цивилизациските придобивки на демократскиот свет“, се наведува во соопштението на ССНМ.

Тие бараат навремено да им се исплаќаат платите и да им бидат исплатени заостанатите плати и хонорари.