Пенс во Брисел: Унапредување на односите САД - ЕУ

Мајк Пенс - Доналд Туск, Брисел 20.02.2017

Американскиот потпретседател Мајк Пенс, денеска во Брисел, им порача на официјалните претставници на Европската Унија дека новата администрација на САД има намера да ги продлабочи односите со Унијата. Пенс, на средбата со шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, изразил задоволство од можноста да разговара за начините на подобрување на меѓусебната соработка.

Пенс денеска се состана и со претседателот на Европскиот Свет, Доналд Туск, а е предвидена средба и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг