Матис во Багдад на разговори за пораз на ИД

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис пристигна во најавената посета на Багдад. Тој со неговите соговорници се фокусира врз напорите да се поразат милитантите на таканаречената Исламската држава.

Вчера, ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади објави нова фаза во операцијата за разбивање на милитантите во западниот дел од градот Мосул, во северен Ирак.

По неговото пристигнување, Матис, изјави дека САД не се во Ирак за да земат нечија нафта. Оваа изјава доаѓа по вознемиреноста на ирачките лидери од изјавата на претседателот на САД Доналд Трамп за преземање на нафтата како надомест за трошоците за воена поддршка на САД.