Иран ја отфрли тактиката на притисок

Германија-министерот за надворешни работи на Иран Мохамед Зариф на безбедносната конференција во Минхен,19.02.2019

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф рече дека неговата земја ги отфрла заканите и принудите и побара дипломатско решение основано на ги отфрла заканите и принудите и побара дипломатско решение основано на “заеднички прифатливи сценарија”. Зборувајќи на минхенската безбедносна конференција денеска Зариф ги отфрли американските санкции и објавата од претседателот на САД Доналд Трамп декадобил „официјална забелешка“ заради лансирањето на балистичкиот проектил.

Иран не одговора добро на закани, на принуди и на санкции но одговора многу добро на взаемна почит, рече Зариф. Тој ја обвини Исламска држава дека поседува хемиско оружје во Сирија, додавајќи дека употребата на хемиско оружје никогаш не може да биде простена. САД воспоставија санкции за 18 сириски владини претставници откако меѓународна истрага утврди дека сириските владини сили користеле гас хлорин во напади против цивили.

Русија и Иран се главни поддржувачи на сирискиот претседател Башар ал-Асад во шест годишната граѓанска војна во која загинаа околу 300 000 луѓе, а милиони се раселени.