Протести во Белорусија против данокот за невработени

Белорусија-стотици луѓе протестираа против данокот за "социјално паразитирање", Гомел,19.02.2017

Стотици демонстранти маршираа денеска во белорускиот град Гомел во знак на протест поради законот за “социјално паразитирање”. Денешните протести на кои учествуваа луѓе од сите возрасти поминаа без инциденти, иако не беа претходно одобрени од властите. На 17 февруари околу 2000 луѓе протестираа во главниот град Минск, а околу 60 000 луѓе ја потпишаа петицијата против законот. Со него се предвидува луѓето кои не работеле 183 дена во календарската година да платат данок од околу 200 американски долари. Според претседателот Александар Лукашенко законот е донесен за борба против “социјалното паразитирање”.Властите соопштија дека само околу 10 отсто од 430 000 Белоруси кои се засегнати од законот досега го платиле данокот.