Времето денеска дождливо и ветровито

Илустрација

Времето во Македонија е претежно облачно со локални врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Најниската температура од -2 степена утрово е измерена во Берово.Во 7 часот највисока снежна покривка од 17 сантиметри е измерена во Маврови Анови. Во текот на денов ќе биде претежно облачно со повремен дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и локално се очекува да наврнат над 10 литри на квадратен метар.Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.