Бејли-нови избори не мора да донесат поинакви резултати

Архивска фотографија-амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли

Од наша перспектива она што е важно е новата влада да работи кон исполнување на реформите кои беа утврдени со договорот од Пржино и ургентната листа на реформи од извештајот на Прибе, рече амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли вечерва во интервју за телевизијата Сител.

61 прaтеник ќе одлучат кој ќе ја формира новата влада, нагласи амбасадорот, додавајќи дека тоа не е невообичаен предизвик за една демократија.

Во однос на евентуални нови избори, на што инсистира ВМРО-ДПМНЕ, Бејли нагласи дека не е негово да одлучи која опција е вистинската, туку тоа треба да го сторат партиите.

“Јас како пријател би посочил дека нови избори не мора да донесат поинакви резултати. На Телма пред неколку дена се емитуваше анкета која покажа дека граѓаните не се толку заинтересирани за нови избори. Па сметам дека предизвикот е да се владее со резултатите кои ги имаме и да видиме каде тоа ќе не води ” рече Бејли.

Кога се потпишуваше договорот за формирање на Специјалното јавно обвинителство веројатно никој не беше свесен со колкав материјал ќе се соочи оваа институција, а важно е од неа да произлезат факти,додаде тој.

“Да се вратиме назад и видиме која беше поентата за формирањето на СЈО, а тоа е да донесе одговорност за содржината од наводите кои произлегуваат од прислушуваните разговори. Не сум сигурен дека било кој тогаш беше свесен за обемот на работа со кој ќе се соочи СЈOи верувам дека институцијата се соочи со препреки и отежната соработка исто така” рече Бејли.

Јас немам став за која билоплатформа одговори амбасадорот на прашањето за платформата на албанските парламентарни партии.

Бејли додаде и дека одговориле на прашањата од конгресмените и сенаторот Мајк Ли во врска со нивните прашања поврзани со поддршката која амбасадата ја давала за како што наведуваат одредени групи.

“Во одговорот ние ја појаснивме нашата улога која граѓаните тука многу добро ја знаат Пржинскиот договор, за соработката со Европската унија, седнувањето на партиите на заедничка маса, доаѓањето до изборите кои ги имавте на 11 декември, а сега во процесот на формирање на влада.Ние ги соопштивме сите тие работи, соопштивме како нашата помош функционира во земјата дека поддржуваме изградба на институции во здрава демократија, тоа вклучува учество на граѓаните во нивната работа, како и на медиумите. Го соопштивме тоа во нашиот одговор”рече Бејли.