Тилерсон поставил услови за соработка со Русија

Германија-американскиот државен секретар Рекс Тилерсон по средбата со рускиот министер за надворешни работи, 16.02.2017

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон рекол дека Соединетите Американски Држави нема да се согласат на соработка со руската војска во Сирија се додека Москва не препознае дека не сите опозициски сириски групи се терористички, пренесуваат европските сојузници.

На состанокот со неговите колеги од Франција, Германија, Турција и други држави кој се одржа на маргините на средбата на групата 20 во Бон, Тилерсон рекол дека администрацијата на Трамп ги поддржува напорите на Обединетите нации за постигнување мир во Сирија преку преговори кои треба да продолжат на 23 февруари во Женева. Дипломатите велат дека Тилерсон на состанокот рекол дека изедначувањето на Москва со сириската влада која ги смета сите сириски бунтовнички групи за терористички ќе ја направи тешка воената соработка меѓу Вашингтон и Москва.

Еден дипломат за Ројтерс рекол дека Тилерсон јасно кажал оти тие нема воено да соработуваат се додека Русија не прифати дека не се сите опозициски групи терористички. Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Еро рече дека дискусијата со Тилерсон била корисна.