Турција од Германија повлекува шест имами

Шефот на турската државна агенција за верски прашања,Мехмет Гормез.


Турската државна агенција за верски прашања денеска објави дека од Германија повлекува шест имами поради „надминување на своите ингеренции“, но негира дека тие биле вмешани во шпионски активности по нарачка на Анкара.

Шефот на агенцијата, Мехмет Гормез ги отфрла обвинувањата дека турските имами ги прекршиле законите на Германија, поради што германската полиција неделава изврши претрес во просториите каде што тие живеат и работат.

Турските имами се осомничени дека прибирале податоци за приврзаници на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој според Анкара, стои зад неуспешниот обид за воен удар лани во јули, по што ги испраќале на турските власти преку Конзулатот во Келн.

Според Гормез, меѓу имамите кои треба да се вратат во Турција се и четворицата, чии домови ги пребаруваше германсакта полиција, а одлуката за враќање претставува знак на добра волја, со цел „да се одржи взаемната доверба меѓу Германија и Турција“.