Жбогар: Не треба да се драматизира за политичката ситуација

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека е оптимист оти политичките лидери во Македонија ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат Влада.

„Јас не се согласувам дека политичката ситуација во земјава е тешка и не треба да се драматизира. Во земјава имавме избори и нормално е да се даде повеќе време да можат политичките лидери да формираат влада. Јас сум оптимист дека политичките лидери ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат влада, за да можеме ние како ЕУ да продолжиме да работиме во реализирање на реформите кои се потребни во земјава,“ изјави Жбогар.

Во рамките на кампањата „ЕУ за тебе“ денеска во Берово престојуваа евроамбасадорот Жбогар и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.