Воздушен напад за време на погреб во Јемен

Архивска фотографија, воздушен напад за време на погреб во Јемен,9 октомври 2016

Најмалку 8 жени и едно дете загинаа денеска при воздушен напад на погреб во близина на главниот град Јемен, Сана. При нападот ранети се десетина жени. Бунтовниците кои ја имаат контролата врз главниот град ја обвинија колацијата на арапските држави од Персискиот Залив поддржани од Саудиска Арабија за извршување на овој напад. Од коалицијата нема коментар за ваквите обвинувања.

Војната во Јемен ги спротивстави од една страна коалицијата која ја поддржува владата на претседателот Абд Рабу Мансур Хади против бунтовниците кои се поддржани од Иран и се во сојуз со силите лојални на поранешниот претседател Али Абдулах Салих.

Според податоците на ОН, од март 2015 година при судири загинале над 7 илјади луѓе од кои 1500 деца.