Трамп- Обама беше премек со Русија за Крим

Американскиот претседател Доналд Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Твитер напиша дека Крим бил преземен од Русија за време на администрацијата на неговиот претходник Барак Обама. Дали Обама беше премек кон Русија, напиша Трамп. Во серија на твитови два дена откако тој го повика неговиот советник за безбедност Мајкл Флин да поднесе оставка поради неговите контакти со рускиот амбасадор во Вашингтон во декември, Трамп се нафрли и на медиумите.

Според него, медиумите со лажните вести, како што рече полуделе со нивните теории на заговор и слепа омраза. Тој посочи дека неговата конекцијата со Русија немала смисла и била со цел да се прикријат грешките направени во изборната кампања на Хилари Клинтон.